„Златната купола“ на Трамп оди кон Гренланд: мнозинството пратеници го поддржуваат договорот

„Златната купола“ на Трамп оди кон Гренланд: мнозинството пратеници го поддржуваат договорот

пред 1 час

Мнозинството пратеници во Гренланд го поддржаа безбедносниот договор со Соединетите Држави, и покрај тоа што претставниците на опозицијата изразија сомнеж во неговата економска исплатливост. Се очекува договорот, кој сега оди на второ читање и конечно гласање во парламентот, официјално да биде усвоен, пренесува Ројтерс.

САД, Данска и Гренланд го потпишаа договорот минатиот месец за да ги смират тензиите што настанаа откако американскиот претседател Доналд Трамп изрази интерес за преземање контрола врз стратешки важниот арктички остров. Договорот ја проширува улогата на американската војска во Гренланд, овозможувајќи изградба на две нови воени бази и распоредување на ракетниот одбранбен систем на Трамп, познат како „Златна купола“. Истовремено, договорот го потврдува данскиот суверенитет и правото на народот на Гренланд на самоопределување.

Пеле Броберг, лидерот на опозициската партија „Налераг“, изјави дека многу практични детали од договорот остануваат нејасни. „На Соединетите Држави им се доделуваат широки права во нашата земја, а сепак на народот на Гренланд не му е загарантиран никаков фиксен надомест за тие права“, рече Броберг за време на парламентарната дебата во Нук.

Ставот на владејачките партии
Владејачките партии, кои имаат парламентарно мнозинство, го бранеа договорот. Поранешната министерка за надворешни работи Вивијан Моцфелд од партијата „Демократит“ истакна дека Гренланд обезбедил огромна заштита без никакви трошоци за себе, а истовремено добил признание како автономна нација. Министерот за надворешни работи Муте Егеде додаде дека договорот претставува голем чекор напред кој не може да се мери само во парични вредности.

Ерик Јенсен, лидерот на партијата „Сиумут“, исто така ја изрази својата поддршка. „Со години, ’Сиумут’ се бореше да обезбеди договорите што се однесуваат на Гренланд повеќе да не се склучуваат без наше учество. Токму затоа сме задоволни“, заклучи Јенсен.

Текстот „Златната купола“ на Трамп оди кон Гренланд: мнозинството пратеници го поддржуваат договорот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top