Израел: Војната против Иран ќе продолжи без временско ограничување

Израел: Војната против Иран ќе продолжи без временско ограничување

пред 2 часа

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека војната против Иран ќе продолжи „без временско ограничување“.

Во исто време, двајца израелски официјални лица изјавиле за Ројтерс дека израелската влада не верува дека американскиот претседател Доналд Трамп е блиску до одлука за прекин на војната, но признале дека нема гаранција дека конфликтот ќе доведе до пад на иранскиот режим.

Изјавите доаѓаат во момент кога постои неизвесност околу времетраењето на војната, поради различни сигнали од американската администрација.

Трамп оваа недела изјави дека војната „наскоро ќе заврши“, но истовремено му се закани на Иран со нови акции. Од друга страна, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет порача дека САД „нема да се смират додека непријателот не биде целосно поразен“.

Текстот Израел: Војната против Иран ќе продолжи без временско ограничување е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top