Израел: Откриено оружје и терористичка инфраструктура во болницата

Израел: Откриено оружје и терористичка инфраструктура во болницата

пред 1 година

Висок израелски воен претставник изјави дека израелските одбранбени сили (ИДФ) пронашле оружје и терористичка инфраструктура при рација во болницата „Ал Шифа“, пишува „Скај њуз“.

Неименуваниот функционер не откри повеќе детали, но тврди дека војниците имаат конкретни докази дека Хамас го користи објектот како штаб на терористите.

Израелските власти цело време говореа дека милитантната група ја користи „Ал Шифа“ за воени цели, но Хамас тоа го негира.

Официјалниот претставник не кажа колку долго ќе бидат израелските сили во болницата, но рече дека подоцна во текот на денот ќе бидат објавени снимките од наодите од воената операција во болницата.

Текстот Израел: Откриено оружје и терористичка инфраструктура во болницата е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top