Израел денеска ја продолжи забраната за влез на туристи за уште 10 дена поради страв од ширење на новиот сој омикрон.
Тоа значи дека границите ќе бидат затворени за странски државјани до пред Божиќ, објавија доцна во четвртокот премиерот Нафтали Бенет и министерот за здравство Ницан Хоровиц.
Покрај тоа, оние што се враќаат во Израел од која било земја, вклучително и вакцинирани Израелци, ќе треба да бидат ставени во карантин најмалку три дена по пристигнувањето.
Омикрон првпат беше откриен во јужна Африка, а првите случаи во Израел беа потврдени кон крајот на ноември.