Илон Маск го враќа Трамп на Твитер

пред 3 години

Илон Маск ќе ја укине забраната за користење на Твитер доколку се реализира неговиот план за купување на компанијата.

var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);

Во виртуелното обраќање на самитот организиран од Фајненшл тајмс, Маск рече дека забраната на Твитер на сметката на Трамп е „морално лоша одлука“ и „крајно глупава“. Тој рече дека трајните забрани на сметките на Твитер треба да бидат ретки и треба да бидат резервирани за сметки кои служат за измама или за автоматизирани ботови.

Твитер го забрани профилот на Трамп во јануари 2021 година поради „поттикнување насилство“ по упадот на неговите приврзаници во зградата на американскиот Конгрес во Вашингтон на 6 јануари.

Трамп претходно изјави дека нема намера да се врати на Твитер дури и ако му биде вратен профилот и дека наместо тоа ќе се фокусира на воспоставување на сопствена платформа Truth Social, која има проблеми откако беше лансирана на почетокот на оваа година.

Share
Scroll to Top