Украина има цврсти докази дека Русија продолжува да му доставува разузнавачки податоци на Иран, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанок со началникот на воената разузнавачка служба.
„Русија ги користи сопствените сигнално-разузнавачки и електронско-разузнавачки способности, како и дел од податоците добиени преку соработка со партнери на Блискиот Исток“, наведе Зеленски на „Икс“.
Кремљ претходно го отфрли извештајот на „Волстрит журнал“ дека Русија споделува сателитски снимки и подобрена технологија за дронови со Иран, нарекувајќи го „лажни вести“.
Текстот Имаме цврсти докази дека Русија споделува разузнавачки податоци со Иран, рече Зеленски е превземен од МАКФАКС.






