Иран: Ако Израел направи уште една грешка, ќе има втор бран кој ќе биде уште подеструктивен

Иран: Ако Израел направи уште една грешка, ќе има втор бран кој ќе биде уште подеструктивен

пред 3 месеци

Ебрахим Азизи, шеф на комисијата за национална безбедност и надворешна политика на иранскиот парламент, на иранската државна телевизија изјави дека ова е првиот бран напади на Корпусот на Исламската револуционерна гарда.

Тој вели дека мета биле израелските воени центри и објекти, но нападите можеле да резултираат и со погодени цивили поради можни погрешни пресметки.

Азизи вели дека ако Израел повторно згреши, ќе има втор бран што ќе биде уште подеструктивен Тој додава дека според иранските проценки, Израел не може да возврати на иранскиот напад вечерва.

Текстот Иран: Ако Израел направи уште една грешка, ќе има втор бран кој ќе биде уште подеструктивен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top