Иран и Обединети Арапски Емирати од 1 јули ќе ги обноват летовите меѓу Техеран и Дубаи

Иран и Обединети Арапски Емирати од 1 јули ќе ги обноват летовите меѓу Техеран и Дубаи

пред 6 часа

Летовите меѓу Техеран и Дубаи ќе бидат обновени од 1 јули, соопшти Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран, наведувајќи дека и иранските и емиратските власти ги издале потребните дозволи.

Според иранска новинска агенција, во почетна фаза ќе бидат опфатени ирански авиокомпании, а се очекува и други превозници да се приклучат подоцна откако ќе добијат дополнителни одобренија.

Обновувањето на воздушната рута доаѓа по период на зголемени тензии меѓу Иран и регионалните земји, вклучувајќи безбедносни инциденти и меѓусебни воени напади во поширокиот регион на Персискиот Залив.

Дубаи во повеќе наврати беше цел на иранските сили, особено американскиот конзулат и други локации.

Текстот Иран и Обединети Арапски Емирати од 1 јули ќе ги обноват летовите меѓу Техеран и Дубаи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top