Иран им се заканува на САД: Ако се вмешате, ќе им одржиме лекција на агресорите

Иран им се заканува на САД: Ако се вмешате, ќе им одржиме лекција на агресорите

пред 11 месеци

Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, издаде предупредување до САД додека американскиот претседател Доналд Трамп размислува дали САД ќе се приклучат на израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран.

„Доколку САД активно се вклучат во поддршката на Израел, Иран нема да има избор и ќе мора да ги искористи своите капацитети за да им одржи лекција на агресорите за да се одбранат“, рече Гарибабади, според иранските државни медиуми.

Тој препорача Вашингтон, ако не сака да ги запре израелските напади, барем да не се меша. Додаде дека воените команданти на Иран ги имаат сите опции на маса.

Текстот Иран им се заканува на САД: Ако се вмешате, ќе им одржиме лекција на агресорите е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top