Иран: Ако Израел направи уште една грешка, ќе има втор бран кој ќе биде уште подеструктивен

Иран: Имаме право да се браниме

пред 11 месеци

Иранското Министерство за надворешни работи во денешното соопштение остро го осуди нападот на Израел врз неговите воени цели и најави дека тие имаат право да се бранат.

„Врз основа на своето вродено право на легитимна одбрана, наведено во член 51 од Повелбата на ОН, Исламската Република Иран смета дека има право и должност да се брани од странски акти на агресија“, објавија тие.

Иранската новинска агенција Тасним објави дека Иран „ќе ги искористи сите физички и духовни способности на иранската нација за да ги заштити своите интереси и безбедност“.

Тасним објави и дека одговорот на Иран на израелските одмазднички воздушни напади ќе биде „пропорционален“.

Текстот Иран: Имаме право да се браниме е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top