Иран: Ормускиот Теснец ќе остане затворен ако Оман не го прифати нашиот предлог

Иран: Ормускиот Теснец ќе остане затворен ако Оман не го прифати нашиот предлог

пред 54 минути

Иран соопшти дека Ормускиот Теснец ќе остане затворен доколку Оман не го прифати неговиот предлог за повторно отворање на овој стратешки поморски премин, пренесуваат Анадолу и Ројтерс.

Заменик-министерот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран бара еден пловен правец целосно да биде под иранска контрола, а дел од вториот исто така да биде под надзор на Иран.

Тој наведе дека Оман предложил привремена рута со еднаква поделба на контролата меѓу двете земји, но Иран го одбил предлогот, оценувајќи дека не ги решава неговите безбедносни грижи.

Ормускиот Теснец е еден од најважните поморски премини во светот, преку кој минува значителен дел од глобалната трговија со нафта. САД инсистираат на слободна пловидба, додека Иран бара да ја задржи контролата врз условите за транзит.

Текстот Иран: Ормускиот Теснец ќе остане затворен ако Оман не го прифати нашиот предлог е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top