Иран брзо се откажа од одлуката за повторно отворање на Ормуски теснец, воведедувајќи нови ограничувања на овој клучен поморски правец, откако САД порачаа дека тоа нема да ја укине нивната блокада, пишува „АП“.
Заедничката команда на иранската војска соопшти дека „контролата над Ормускиот теснец се врати на претходното ниво… под строг надзор и управување на вооружените сили“. Воедно предупреди дека транзитот низ теснецот ќе остане ограничен сè додека американската блокада на иранските пристаништа е на сила.
Објавата дојде утрото откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската блокада „ќе остане целосно на сила“ сè додека Техеран не постигне договор со САД, вклучително и за неговата нуклеарна програма.
Текстот Иран повторно воведе ограничувања на Ормускиот теснец е превземен од МАКФАКС.






