Иранската државна телевизија објави дека 80 отсто од околу 200 проектили истрелани кон Израел ги погодиле нивните цели.
Израелските одбранбени сили велат дека засега немаат информации дали некој е повреден во нападот и ја проценуваат штетата.
Се верува дека израелската противвоздушна одбрана – таканаречената Железна купола – пресретнала голем број балистички ракети.
Сириски воени извори соопштија дека израелската противвоздушна одбрана исто така соборила десетици проектили кои летале над јужна Сирија.
Текстот Иран тврди: 80 отсто од лансираните проектили ги погодија нивните цели е превземен од МАКФАКС.