Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна

пред 2 часа

Мировните преговори меѓу Иран и САД, одржани во Пакистан, завршија без договор, а иранските медиуми за неуспехот ја обвинуваат американската страна. Новинската агенција Фарс, повикувајќи се на извор близок до иранската делегација, наведува дека „Американците бараа преку преговорите сè што не можеа да добијат преку војната“.

Според истиот извор, главните точки на несогласување се однесуваа на Ормускиот теснец и иранската нуклеарна технологија, заедно со голем број други нерешени прашања. Извор близок до преговарачите, исто така, изјави за Фарс дека „американскиот тим барал изговор да ја напушти преговарачката маса“.

Друга иранска новинска агенција, Тасним, цитираше неименуван извор кој рекол дека „Иран не брза да преговара“.

Двете агенции, Фарс и Тасним, се тесно поврзани со властите во Техеран и се сметаат за полуофицијални државни медиуми во меѓународните кругови.

Текстот Ирански медиуми: САД бараа сè што не можеа да добијат преку војна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top