Полицијата претпоставува дека мажот кој вчера со автомобил удрил во група луѓе во градот Пасау на југот на Германија, повредувајќи пет лица, вклучувајќи ја и сопругата и нивното петгодишно дете, најверојатно бил вмешан во правна битка за старателство над детето.
„Во текот на кривичната истрага постојат индиции дека можната битка за старателство била причина за инцидентот“, соопшти полицијата.
Парот и детето живееле во областа на Пасау. Мажот, 48-годишен државјанин на Ирак, е уапсен и се наоѓа на сослушување.
Денеска треба да му биде определен притвор. Истрагата ја презеде криминалистичката полиција заедно со јавниот обвинител на Пасау. Според досегашните сознанија, мажот се товари за обид за убиство.
Сопругата и ќерката, заедно со уште тројца повредени, се пренесени во болница. Ниту едно од повредените лица не е во животна опасност, потврди портпаролот на полицијата.
Текстот Ирачанец со автомобил удри во група луѓе во Германија – повредени пет лица е превземен од МАКФАКС.