Италија ја одобри вакцината на „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години

пред 3 години

Италијанската агенција за лекови денеска ја одобри за употреба вакцината против коронавирусот на компанијата „Модерна“ за деца на возраст од 12 до 17 години.

Покрај онаа на „Фајзер“ ова е втора вакцина што се препорачува за употреба кај адолесценти, пишува Ројтерс.

„Достапните податоци ја покажуваат ефикасноста и безбедноста на вакцината и за субјектите од оваа возрасна група“, велат од италијанското регулаторно тело.

Некои европски земји тврдат дека вакцинацијата на децата е важна за постигнување национален имунитет, бидејќи се шири многу заразниот делта-сој.

Од „Модерна“ во мај потврдија дека вакцината е безбедна и ефикасна кај тинејџерите.

Share
Scroll to Top