Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров оцени денеска дека руската операција во Украина не смее да се прекине, дека е потребно да се заврши започнатото и да се окупира Киев.
„ Она што е започнато мора да заврши, а не да запре. Мораме да влеземе во Киев и да го окупираме“, рече Кадиров на големиот собир на воените сили во главниот град на Чеченија, Грозни, пренесе РИА Новости.
„ Потврдуваме дека сме подготвени да одиме каде било за да извршиме каква било наредба, без разлика колку е тешко“, нагласи чеченскиот лидер.