Казахстан ја укинува вонредната состојба во три региони

пред 3 години

Казахстан ќе ја укине вонредната состојба во три региони, која беше воведена како одговор на немирите кои избувнаа во земјата поради поскапувањето на горивата.

Според руската агенција ТАС С, вонредната состојба ќе биде укината во Западен Казахстан, регионот Павлодар и регионот Северен Казахстан.

Протестите избија на 2 јануари во неколку казахстански градови, кои набрзо прераснаа во масовни немири против безбедносните сили.

Како што се наведува, во немирите се повредени илјадници луѓе, а точниот број на загинати се уште не е познат.

Претседателот на Казахстан побара помош од ОДКБ откако протестите поради поскапувањето на горивата прераснаа во отворени конфликти со безбедносните сили, потсетува руската агенција.

Share
Scroll to Top