Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека не е добро што во Будимпешта доаѓа лице обвинето за воени злосторства, алудирајќи на рускиот претседател, Владимир Путин.
Калас го коментира најавениот состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин додавајќи дека би сакала да го види украинскиот претседател Зеленски како се среќава со Путин затоа што тие треба да се договорат.
Таа нагласи дека, доколку Америка може да изврши притисок врз Русија за да седне на преговарачка маса, тоа би било позитивно, но истовремено оцени дека присуството на Путин во земја од ЕУ е шлаканица в лице бидејќи против него има издаден налог за апсење од Меѓународниот кривичен суд.
Текстот Калас: Не е добро што воен злосторник доаѓа во Будимпешта е превземен од МАКФАКС.