Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на воз во близина на полската граница

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на воз во близина на полската граница

пред 4 часа

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека Русија сака да ги „исплаши“ европските земји и да ги одврати од поддршката на Украина со напад на воз во близина на полската граница.

„Ова очигледно имаше за цел да ги заплаши западните земји за да не ја поддржат Украина, за да не одат во Украина за да ја изразат својата поддршка. Ова беше порака до западниот свет“, изјави Калас пред новинарите пред почетокот на Европскиот арктички самит во Финска, објави „Укринформ“.

Таа истакна дека Европа не треба да подлегне на заплашување, туку треба да ја зголеми својата поддршка за Украина.
„Мислам дека треба да го сториме спротивното. Треба да покажеме дека сме тука за Украина и дека не се плашиме“, рече Калас.

Според неа, ако Европа попушти под притисокот, Русија ќе ја постигне својата цел да ја „освои Украина“.

„Ова не е нивната крајна цел. Нивната крајна цел е многу поширока, затоа мора цврсто да стоиме на нашиот став“, заклучи Калас, пренесува Танјуг.

„Укринформ“ претходно објави дека француските претседателски кандидати Габриел Атал и Едуар Филип ја повикаа Европа да ја зголеми поддршката за Украина по рускиот напад врз воз во близина на украинско-полската граница.

Текстот Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на воз во близина на полската граница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top