Канада ја преместува својата амбасада од Киев

пред 3 години

Канадските власти најавија дека привремено ќе ја затворат својата амбасада во Киев и ќе ја преместат во привремена канцеларија во Лавов на западот на Украина „поради влошената ситуација со распоредувањето руски војници на границата“.

„Ќе продолжиме со нашите активности во амбасадата во Киев штом безбедносната ситуација во Украина ни овозможи да гарантираме соодветни услуги и соодветна безбедност за нашиот персонал“, соопшти канадското Министерство за надворешни работи.

Се додава дека Канаѓаните треба да избегнуваат да патуваат во Украина.

Share
Scroll to Top