Канадскиот премиер: Ова што се случува во Украина е геноцид

пред 3 години

Премиерот на Канада Џастин Трудо изјави дека она што се случува во Украина е правилно да се нарече геноцид, пренесе агенцијата АФП.

– Мислам дека е сосема правилно што се повеќе луѓе го кажуваат и го користат зборот геноцид во однос на она што го прави Русија, она што го направи Владимир Путин. Ја видовме потребата да се напаѓаат цивили, да се користи сексуално насилство како оружје во војната. Ова е целосно неприфатливо – рече Трудо.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно го употреби зборот „геноцид“ за руската инвазија и настаните во Украина, што Трудо го повтори.

Share
Scroll to Top