Карл Билт: Србија се дисквалификуваше од процесот на пристапување во ЕУ поради Русија

пред 3 години

Шведскиот политичар и дипломат Карл Билт изјави дека Србија е „дисквалификувана“ од процесот за пристапување во Европската унија поради нејзината позиција во однос на руската инвазија на Украина.

Поранешниот шведски министер за надворешни работи го објави ова на Твитер. Неговиот коментар беше одговор на твитот на германскиот новинар Михаел Мартенс, кој рече дека Србија нема да воведе никакви санкции кон Русија.

„ Со овој став, Србија де факто се дисквалификуваше од процесот на пристапување во ЕУ. Не треба да има простор за нови членки на Унијата кои не ги делат нашите основни вредности и интереси“, порача Билт.

Share
Scroll to Top