Карл Нехамер: Австрија ќе остане неутрална во однос на рускиот напад врз Украина

пред 4 години

Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека има намера да работи за да ја задржи својата земја неутрална во светло на војната и рускиот напад врз Украина.

– Австрија беше неутрална, неутрална е и така ќе остане – изјави Нехамер на новинарите при посетата на Катар.

Неутралноста е важна, истакна австрискиот канцелар, додавајќи дека прашањето за австриската неутралност го смета за затворено.

Share
Scroll to Top