Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун наредил, за време на вонредниот состанок на Политбирото, армијата да се користи за стабилизирање на снабдувањето со лекови во Пјонгјанг, јавуваат агенциите.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Според државните медиуми, Ким водел итен состанок на Политбирото во време кога Северна Кореја се соочува со првите потврдени случаи на коронавирус, пренесува Ројтерс.
Во Северна Кореја се шири епидемија на коронавирус a во последните 24 часа се регистрирани осум нови смртни случаи и уште 392.920 лица со симптоми на треска, пишуваат тамошните медиуми.
Севернокорејскиот лидер ги критикуваше државните службеници за доцнење во испораката на лекови и и нареди на армијата да се вклучи во одговор на пандемијата во главниот град на земјата, Пјонгјанг, пренесува АП.
Штабот за антивирусни итни случаи објави дека повеќе од 1,2 милиони луѓе се разболеле од крајот на април поради брзото ширење на треската, потврдувајќи дека околу 564.860 луѓе моментално се во карантин.
Во последните 24 часа биле пријавени осум нови смртни случаи, а претходно биле забележани 50 смртни случаи кај заболените од Ковид-19, иако државните медиуми не известуваат за тоа, пренесуваат агенциите.
Експертите велат дека на Северна Кореја веројатно и недостасуваат медицински материјали и опрема за тестирање потребни за масовно контролирање на ширењето на коронавирусот, предупредувајќи дека земјата во голема мера се потпира на изолирање на луѓето со симптоми на инфекција.
Во неуспехот да се забави ширењето на коронавирусот се предвидува дека ќе има страшни последици за Северна Кореја, со оглед на лошиот здравствен систем, се анализира во написите.
Се верува дека населението од 26 милиони е главно невакцинирано, меѓу другото затоа што владата на Пјонгјанг отфрлила милиони вакцини понудени во рамките на „Ковакс“ поддржани од ОН, најверојатно поради недостаток на доверба во обврската за следење и контрола на дистрибуцијата на вакцините, наведуваат агенциите.