Кина ги обвинува САД дека украле 13 милијарди долари во биткоини

Кина ги обвинува САД дека украле 13 милијарди долари во биткоини

пред 6 часа

Кина ја обвини американската влада дека хакирала биткоин-новчаници и украла криптовалути вредни 13 милијарди долари.

Локална безбедносна фирма тврди дека нападот бил државно организиран, но според анализата на CryptoSlate и документите на американското Министерство за правда, станува збор за искористување безбедносна ранливост во софтвер, а не за државен хакерски напад.

Во декември 2020 година од новчаници поврзани со кинескиот рударски базен LuBian исчезнале 127.000 биткоини. Подоцна, истите средства се појавиле во новчаници под контрола на американските власти, кои тврдат дека тоа е дел од истрага за перење пари поврзана со кинескиот бизнисмен Чен Жи и Prince Group.

Аналитичарите наведуваат три можни сценарија: криминална група ја искористила ранливоста; средствата биле внатрешно префрлени во мрежата на Prince Group; или, како што тврди Пекинг, САД го извеле нападот и го прикажале како законска заплена – теза за која нема технички докази.

Текстот Кина ги обвинува САД дека украле 13 милијарди долари во биткоини е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top