Кинескиот закон за развод ги обесхрабрува младите да стапат во брак

пред 4 години

Сегашниот кинески закон за развод, кој пропишува дека сопружниците мора да чекаат 30 дена пред формализирањето на разводот, се чини дека ги обесхрабрува младите да стапат во брак.

Според податоците на кинеското Министерство за цивилна администрација, околу 296 000 разводи биле официјализирани во првите три месеци од оваа година, што е за 70 проценти помалку отколку во првите три месеци од минатата година, кога биле евидентирани 1,05 милиони разводи, пренесува лондонскиот Гардијан.

Зголемувањето на бројот на разводи и намалувањето на бројот на бракови во Кина резултираа со намалување на бројот на новороденчиња и ја доведоа Кина во демографска криза, поради што владата ги промовира традиционалните семејни вредности и ги обесхрабрува паровите од развод

Новиот закон за задолжително 30 дена пред воведувањето на разводот беше воведен на 1 јануари, со намера да влијае на зголемувањето на наталитетот, но тој предизвика негодување, особено кај жените, и им го отежнува на младите да донесат одлука да застанат пред матичар.

Share
Scroll to Top