Кличко: Две третини од бегалците се вратија во Киев

пред 4 години

Две третини од жителите на Киев кои го напуштија градот по почетокот на војната со Русија веќе се вратија во градот, изјави градоначалникот Виталиј Кличко.

-Се враќаат секој ден и покрај препораките. Но, не можеме да забраниме, можеме само да препорачаме – рекол Кличко, пренесува UNIAN.

Тој додаде дека се уште не вреди да се вратиме во градот, бидејќи јавниот превоз не работи, а се проверуваат пунктовите.

Кличко рече дека градските власти се потпираат исклучиво на препораките на армијата, која предупредува дека постои закана од ракетни напади врз градот.

Share
Scroll to Top