Градоначалникот на главниот град на Украина, Киев, Виталиј Кличко, побара од европските политичари да ги прекинат сите комерцијални врски со Москва, велејќи дека плаќањата кон Русија се покриени со „крв“ и помагаат во финансирањето на нејзината армија.
„Секое евро, секој денар што го добивате од Русија или го испраќате во Русија има крв; тоа се крвави пари и крвта на овие пари е украинска крв. Крвта на украинскиот народ“, рече тој.
Кличко рече и дека во Буча се случил „геноцид врз Украинците“.
Тој вели дека видел мртви цивили, меѓу кои и една старица, и автомобил со бело знаме и зборовите „деца“, а внатре имало крв.