Кличко: Путин би можел да употреби тактичко нуклеарно оружје на Киев

пред 3 години

Во разговор со Ерин Барнет на Си-Ен-Ен, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изрази загриженост поради можноста рускиот претседател Владимир Путин да користи тактичко нуклеарно оружје во главниот град на Украина.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Безбедноста во моментов е главен приоритет. Да, се разбира, ние сме загрижени и се надеваме дека нашите воини ќе не бранат, но ризикот е се уште присутен и без нашите партнери, без САД и европските земји не можеме да опстанеме – рече Кличко, нагласувајќи дека без сомнение Киев и понатаму е главната граница на Русија, пренесуваат медиумите.

Тој повика на претпазливост сите жители кои се враќаат во главниот град на Украина. Тој нагласи дека тоа го прават на сопствен ризик бидејќи нема гаранција за нивната безбедност. Кличко рече дека руските напади може да се случуваат секоја секунда.

Share
Scroll to Top