Колку чини приказната за животот на Меланија Трамп? „Амазон“ издвоил 40 милиони долари за проектот

Колку чини приказната за животот на Меланија Трамп? „Амазон“ издвоил 40 милиони долари за проектот

пред 59 минути

Првата дама на САД, Меланија Трамп, откри дека имала целосна контрола врз создавањето на новата документарна серија за нејзиниот живот, учествувајќи во секој чекор од проектот – од почетната идеја и рекламната кампања до изборот на музиката и конечната монтажа.

Премиерата на серијата „Меланија“ се одржа во четвртокот, 19 ноември, во њујоршкиот центар „Линколн“. Од денеска, серијата ќе биде достапна на платформата „Прајм видео“ во повеќе од 240 земји и територии.

Разговарајќи со новинарите на црвениот тепих, Меланија истакна дека за првпат во целост била вклучена во создавањето на ваков проект.

„За првпат бев вклучена во сè, од самата идеја до завршувањето на проектот. Сè што гледате е моја идеја – од рекламата, преку музиката, до монтажата“, изјави таа.

Признала дека работата на серијата била многу напорна, особено поради бројните обврски што ги има како прва дама на САД.

„Распоредот е интензивен. Кога сте фокусирани, одите напред, останувате позитивни и имате правилен однос кон луѓето, можете да постигнете многу“, порача Меланија.

Две епизоди за приватниот живот

Документарната серија се состои од две епизоди кои нудат увид во животот на Меланија Трамп по враќањето во Белата куќа, по инаугурацијата на нејзиниот сопруг Доналд Трамп во јануари 2025 година.

Првата епизода, насловена „Семејство и доверба“, се занимава со нејзиниот семеен живот, поставувањето приоритети и предизвиците што ги носи животот во непосредна близина на политичката моќ.

Втората епизода, „Гордост и чест“, ги следи нејзините први чекори по инаугурацијата и враќањето на обврските како прва дама. Меѓу темите се и хуманитарните иницијативи и активностите на кои сака да им се посвети.

Режисер на серијата е Брет Ратнер, кој претходно работеше и на документарниот филм „Меланија“. Првата дама е една од извршните продуцентки, заедно со нејзиниот советник Марк Бекман.

Продолжение на проектот што предизвика големо внимание

Новата серија доаѓа помалку од една година по документарниот филм „Меланија“, кој ја следеше првата дама во период од 20 дена пред втората инаугурација на нејзиниот сопруг.

Меланија претходно најави дека серијата ќе се разликува од филмот и дека ќе понуди повеќе разговори лице в лице, како и одговори на приватни прашања за кои досега не зборувала јавно.

Според претходни извештаи, „Амазон“ издвоил вкупно 40 милиони долари за документарниот филм и придружната серија, додека само маркетиншката кампања за филмот чинела околу 35 милиони долари.

На премиерата во Њујорк присуствувале бројни гости. Доналд Трамп не дошол на настанот бидејќи во тој момент бил на патување во Кина.

Текстот Колку чини приказната за животот на Меланија Трамп? „Амазон“ издвоил 40 милиони долари за проектот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top