Комшиќ: Не може од Србија да се прави газда на Балканот

пред 3 години

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, рече дека поддршката на германската канцеларка Ангела Меркел на политиката на српскиот претседател Александар Вучиќ е „лош сигнал“.

„ Германската канцеларка избра таков формат на средба, не знам зошто. Отиде кај Вучиќ да му даде поддршка уште еднаш, што сметаме дека е лошо и дека испраќа лоши сигнали, но тоа е така. Не гледам друга причина зошто канцеларката отиде кај Вучиќ “, рече Комшиќ.

Тој оценува дека Србија не може „да се прави шеф на Балканот и дека сите земји мора да имаат еднаков третман“.

„ Ако целта е да се направи Србија регионален шеф, тоа нема да може. Тоа му го кажав и на Шмит. Можеме да бидеме еднакви и само по таа основа можеме да разговараме. Нема повеќе газди на Балканот”, рече Комшиќ.

Share
Scroll to Top