Косовските власти ја презедоа контролата врз железничката станица во Звечан, отстранета таблата на кирилица

Косовските власти ја презедоа контролата врз железничката станица во Звечан, отстранета таблата на кирилица

пред 3 часа

Со присуство на повеќе министри во технички мандат и со асистенција на полицијата од регионот Север, косовските власти утрово ги презедоа просториите на железничката станица во Звечан, во близина на комплексот „Трепча“.

Притоа, од објектот беше отстранета таблата на кирилица и беше поставена нова на латиница, како и косовско знаме – и сето тоа на првиот ден од официјалната предизборна кампања за вонредните парламентарни избори во Косово.

Железничките простории на станицата во Звечан беа заземени утрово околу осум часот во акција на косовските власти во технички мандат, со асистенција на Косовската полиција – регион Север, како што пишува порталот „Коссев“, пренесе „Н1“.

На лице место беа вршителите на должност министри во косовската влада, меѓу кои Џељаљ Свечља, в.д. министер за внатрешни работи, Артане Ризваноли, в.д. министерка за економија, како и Димал Баша За време на акцијата беше отстранета кириличната табла од објектот, а беше поставена нова, испишана на латиница. На објектот беше истакнато и косовското знаме.

Текстот Косовските власти ја презедоа контролата врз железничката станица во Звечан, отстранета таблата на кирилица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top