Кралот Чарлс ги откажа сите обврски поради здравствени проблеми

Кралот Чарлс ги откажа сите обврски поради здравствени проблеми

пред 6 месеци

Британскиот крал Чарлс Трети вчера беше кратко примен во болница поради „привремени несакани ефекти“ по планираниот третман на ракот, соопшти Бакингемската палата.

Според официјалната изјава, кралот бил отпуштен по краток престој под медицински надзор и се вратил во својата резиденција

„Неговото Височество се врати во Кларенс Хаус и како мерка на претпазливост, утрешниот распоред на ангажмани ќе биде променет“, се вели во соопштението.

На кралот Чарлс ракот му беше дијагностициран минатата година, а деталите за видот на болеста не се објавени.

Текстот Кралот Чарлс ги откажа сите обврски поради здравствени проблеми е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top