Официјален Кремљ е уверен дека тензиите околу Украина се американска хистерија. Руската страна, по синоќешните разговори помеѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден, соопшти дека двајцата претседатели одлучиле контактите да продолжат.
„Хистерија го достигна својот врв“, изјави дипломатскиот советник на Путин, Јуриј Ушаков.
Тој рече дека ситуацијата е доведена до апсурд, додавајќи дека телефонскиот разговор Путин-Бајден бил избалансиран и професионален по природа.
Синоќа по разговорот се огласи Белата куќа, коментирајќи дека Бајден го предупредил Путин за тешки последици ако ја нападне Украина.