Криминалци поставија заседа на еквадорската армија, убивајќи 11 војници

Криминалци поставија заседа на еквадорската армија, убивајќи 11 војници

пред 12 месеци

Единаесет војници се убиени, а еден е повреден во еквадорскиот регион Амазон за време на вооружен судир со криминална група, соопшти Министерството за одбрана на земјата.

Војниците биле нападнати за време на операција насочена против нелегалното рударство во областа Алто Пунино, соопшти еквадорското министерство.

Заседата ја извршила вооружената група Командос де ла Фронтера, или „Гранична команда“, која за време на нападот употребила експлозиви, гранати и пушки, додадоа тие, повикувајќи се на воени разузнавачки информации.

Текстот Криминалци поставија заседа на еквадорската армија, убивајќи 11 војници е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top