Курц: „Спутник В“ пристигнува во Австрија

пред 4 години

Австриската влада се согласи да купи милион дози од руската вакцина „спутник В“, објави канцеларот Себастијан Курц.

Сепак, тешко дека вакцината ќе се користи сè додека не биде одобрена од Европската агенција за лекови. Министерот за здравство Волфганг Мукштајн го истакна тоа во понеделникот по неговата инаугурација по оставката на претходниот министер. Кабинетот на министри исто така нагласува дека набавката е планирана со одобрение од ЕМА.

Мукстејн „спутник В“ го нарече „добра вакцина“. Одобрувањето на ЕМА како предуслов му е важно, нагласи тој.

Благодарение на побрзата испорака на вакцините на „Фајзер“, Австрија се надева дека сите нејзини граѓани би можеле да бидат вакцинирани до летото.

Кабинетот на министерот истакна дека руската вакцина е веќе одобрена во повеќе од 50 земји и дека се надеваат на брзо одобрување од ЕМА.

„Секоја дополнителна вакцина помага да се спасат животи, да се обезбедат работни места и побрзо да се вратат во нормала“, рекоа од кабинетот на министерот.

Како алтернатива на одобрувањето од ЕМА, последниве недели се разгледуваше и националното одобрување за итни случаи, како што се спроведува во Унгарија.

Share
Scroll to Top