Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров даде долго интервју за „Тајмс оф Индија“.
Во него, меѓу другото, најави дека Русија нема да користи нуклеарно оружје во Украина, но и дека специјалната воена операција влегува во втората фаза.
Тој го коментираше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Многу зборува. Во зависност од тоа што пие или пуши“, рече Лавров за изјавата на Зеленски дека Русија има намера да користи нуклеарно оружје.
Journalist: #Zelensky said #Russia plans to use chemical weapons in Ukraine#Lavrov: “Zelensky says many things, depends on what he drinks or smokes”. Ask you boss, Sergey, on what does he consume? pic.twitter.com/PfY9kjLmUG
— Giorgi Revishvili (@revishvilig) April 19, 2022
Наведе дека структурата на територијата на Украина е сложена. „Неточно е да се тврди дека Украина може да биде само унитарна држава, дека ниту еден дел нема да добие специјален статус, дури и ако тоа го бара Советот за безбедност на ОН. Мислам дека тоа не е многу добро осмислено“, посочи Лавров.
Тој вели дека кризата досега ќе била завршена доколку Зеленски соработувал.
„Ако Зеленски го стореше она што го вети на својот електорат кога беше избран за претседател, ако соработуваше и настојуваше да ги спроведе договорите од Минск, тогаш кризата во Донбас одамна ќе беше решена“, посочи шефот на руската дипломатија.