Лавров: Никогаш нема да прифатиме свет во кој доминираат САД

пред 3 години

Западот ќе ги заостри санкциите кон Русија, но Москва е навикната на тоа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Тој исто така нагласи дека Русија повеќе нема илузија дека може да се потпре на Западот

„Притисокот на санкциите ќе продолжи, тие сега се закануваат со петти бран санкции, по што може да има нов бран санкции. Навикнати сме на тоа“, изјави Лавров за РТ, а пренесува РИА Новости.

Тој додаде дека Русија може да се потпре само на себе и на преостанатите сојузници, но дека повеќе нема илузии за Западот. Ги загубивме сите илузии дека некогаш можеме да се потпреме на Западот“, рече Лавров.

Лавров рече дека Москва никогаш нема да прифати свет во кој доминираат САД, кои сакаат да се однесуваат како глобален шериф.

Лавров рече дека САД сакаат светот да изгледа како американски салон, во кој Американците ќе одредат што треба да се направи, додава Ројтерс.

Тој додаде дека има многу земји кои не сакаат да добиваат нарачки од „чичко Сем“

Share
Scroll to Top