Лавров: Русија не очекува дипломатски исчекор од самитот Путин-Бајден

пред 5 години

Русија не очекува американско-руски дипломатски исчекор на првиот самит на претседателите на Русија и Соединетите Американски Држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Не се залажуваме и не се обидуваме да оставиме впечаток дека ќе има чекор напред, или историски одлуки што ќе доведат до фундаментални промени“, изјави Лавров пред новинарите.

Како што претходно објавија Кремљ и Белата куќа, Бајден и Путин ќе се сретнат на 16 јуни во Женева.

Претходно Швајцарија најави дека ја разгледува можноста за затворање на воздушниот простор над Женева за време на самитот на рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џозеф Бајден, поради како што изјавија официјалните лица, поголема безбедност на претседателите.

Share
Scroll to Top