Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, оваа недела ќе отпатуваат за Киев на средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопшти денеска портпаролот на ЕУ, Ерик Мамер.
„ Средбата ќе се одржи во пресрет на донаторската конференција за Украина, која е закажана за следната сабота во Варшава“, објави Мамер на Твитер.






