Ле Пен: Нашата партија има сериозни шанси за апсолутно мнозинство во парламентот

Ле Пен: Нашата партија има сериозни шанси за апсолутно мнозинство во парламентот

пред 2 години

Лидерката на француската десничарска партија Национален собир (РН), Марин Ле Пен, денеска изјави дека нејзината партија има сериозни шанси за апсолутно мнозинство во францускиот парламент и ги повика граѓаните да гласаат на изборите в недела.

„Имаме сериозни шанси да имаме апсолутно мнозинство во Националното собрание“, изјави Ле Пен за CNews, иако анкетите покажаа дека таквото сценарио е помалку веројатно, пишува „Гардијан“.

Во првиот круг од изборите, кој се одржа на 30 јуни, РН освои околу 34 отсто од гласовите.

Текстот Ле Пен: Нашата партија има сериозни шанси за апсолутно мнозинство во парламентот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top