Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак

Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак

пред 11 месеци

Кир Стармер, лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, денеска изјави дека националните избори во јули ќе и дадат шанса на земјата да стави крај на хаосот на конзервативната влада на британскиот премиер Риши Сунак.

„Време е за промени“, им рече Стармер на своите приврзаници откако Сунак објави дека изборите ќе се одржат на 4 јули, објави Ројтерс.

Британскиот премиер Риши Сунак претходно денеска потврди дека националните избори во Британија ќе се одржат на 4 јули.

Сунак додаде дека кралот Чарлс III одобрил распуштање на парламентот и дека изборите ќе се одржат на 4 јули.

Ројтерс претходно објави дека Сунак најавил дека изборите ќе се одржат во втората половина на годината.

Текстот Лидерот на опозицијата во Британија: Изборите се шанса да се стави крај на хаосот на владата на Сунак е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top