Литванија би била подготвена да придонесе со војници и опрема за која било мировна мисија во Украина, изјави претседателот Гитанас Науседа во телевизиско интервју.
„Подготвени сме да придонесеме со онолку војници колку што дозволува парламентот за мировни операции, како и воена опрема“, изјави Науседа за телевизијата ТВ3.
Во услови на забрзани дипломатски напори за завршување на војната, западните земји разговараат за можноста за испраќање мировници во Украина во случај на мировен договор меѓу Москва и Киев.
фото: принтскрин
Текстот Литванија: Подготвени сме да обезбедиме војници и оружје за мисијата во Украина е превземен од МАКФАКС.