Литванија распоредува до 100 војници на границата со Русија

Литванија распоредува до 100 војници на границата со Русија

пред 2 недели

Литванија превентивно го засилува надзорот на границата со руската енклава Калининград, а за поддршка на граничната полиција ќе бидат распоредени до 100 војници.

Министерот за внатрешни работи Мартинас Кателијнас изјави дека побарал воена поддршка, нагласувајќи дека состојбата на границата во моментов е мирна и дека станува збор за превентивна мерка.

Министерот за одбрана Робертас Каунас го одобрил распоредувањето и најавил дека војниците ќе останат на границата неколку недели, а нивниот број и времетраењето на ангажманот ќе зависат од развојот на ситуацијата.

Како причини за одлуката министрите ги наведоа инцидентот на границата меѓу Латвија и Белорусија, каде што маскирани лица наводно се обиделе да префрлат група мигранти, како и пошироката безбедносна состојба во регионот и индициите за можна руска мобилизација.

Литванија е членка на НАТО и Европската Унија и граничи со Калининград и Белорусија, која е сојузник на Русија.

Текстот Литванија распоредува до 100 војници на границата со Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top