Литванскиот претседател: Путин сè повеќе нè приближува до активирање на членот 5 на НАТО

Литванскиот претседател: Путин сè повеќе нè приближува до активирање на членот 5 на НАТО

пред 3 часа

Литванскиот претседател Гитанас Науседа предупреди дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува со провокации и тестирање на границите на НАТО, со што, според него, го зголемува ризикот од активирање на членот 5 за колективна одбрана.

„Не мислам дека Русија во моментов е подготвена за воени операции од големи размери. Руските ресурси се ангажирани на бојното поле во Украина, каде што Русија не постигнува успех“, изјави Науседа во интервју за германскиот весник „Велт“.

Сепак, тој предупреди дека Москва продолжува со хибридни напади, вклучувајќи упади со беспилотни летала, кибернапади и подметнување пожари, со цел да ја испита подготвеноста на членките на НАТО за заеднички одговор.

„Путин нè тестира и сè повеќе нè приближува до членот 5, односно обврската на НАТО за колективна одбрана“, рече литванскиот претседател.

Членот 5 од Северноатлантскиот договор предвидува дека вооружен напад врз една членка се смета за напад врз сите членки на Алијансата.

Науседа оцени и дека Русија нема да биде подготвена за сериозни мировни преговори за Украина пред пролетта 2027 година. Според него, Москва ќе ја искористи зимата за продолжување на нападите, а изгледите за преговори би можеле да се подобрат доколку Украина успее да го издржи зимскиот период.

Текстот Литванскиот претседател: Путин сè повеќе нè приближува до активирање на членот 5 на НАТО е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top