Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства

пред 1 година

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко помилува 29 лица кои, како што се наведува, извршиле екстремистички злосторства, соопшти денеска неговиот кабинет.

„Сите тие се покајале за својата постапка и испратиле барање до претседателот на државата за помилување. Се работи за 11 жени и 18 мажи“, се наведува во соопштението, пренесува агенцијата Белта.

Според извештаите, меѓу нив има шест лица помлади од 25 години, тројца пензионери, двајца инвалиди и 15 хронични пациенти.

Текстот Лукашенко помилува 29 лица осудени за екстремистички злосторства е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top