Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател

Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател

пред 4 часа

Лидерот на победничката партија Тиса, Петер Маѓар, побара оставка од унгарскиот претседател Тамаш Шулиок откако ќе се формира новата влада.

Тој изјави дека ќе му ја пренесе „волјата на унгарскиот народ“ дека треба да ја напушти функцијата, оценувајќи дека Сулиок не е способен да го претставува единството на нацијата ниту да биде чувар на владеењето на правото.

По средбата, Маѓар рече дека го повикал претседателот доброволно да се повлече, а во спротивно најави можност за уставни измени.

Сулиок одговорил дека ќе ги разгледа аргументите, а најавено е дека ќе му го довери мандатот за состав на влада. Новата влада се очекува да биде формирана во мај.

Текстот Маѓар бара оставка од унгарскиот претседател е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top