Петгодишно момче почина во Сан Антонио откако поминало речиси девет часа заклучено во прегреан автомобил во средата, соопшти полицијата.
Мајката на детето (22) го оставила возилото пред зградата каде што работи. Таа рекла дека верува оти претходно го оставила својот син во градинката Pinnacle Kids Academy, како што прави секој ден.
„Мајката била убедена дека го оставила во градинка“, изјавил началникот на полицијата во Сан Антонио, Вилијам Мекманус. Момчето било на задното седиште цел ден, врзано за детско седиште, додека температурите во возилото се зголемувале. Дневната температура во Сан Антонио во среда била 35 степени Целзиусови.
Околу 16:30 часот, откако завршила со работа, мајката го пронашла својот син во несвест во автомобилот. Повикана е брза помош, но откако пристигнале околу 16:40 часот, лекарите можеле само да констатираат смрт. Полицијата ги истражува сите околности, вклучително и дали станува збор за несреќа или кривично дело.
„Истрагата е во тек“, рече Мекманус.
Текстот Мајка во Тексас го заборавила својот 5-годишен во автомобилот, 9 часа подоцна го пронашла починат е превземен од МАКФАКС.