Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

пред 1 година

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува Танјуг.

„Скапо е да се бориш против Америка. Директен конфликт очигледно би ескалирал во глобална нуклеарна војна“, напиша Медведев на Телеграм, пренесува РИА Новости.

Во публикацијата тој исто така изрази уверување дека Русија и САД дефинитивно нема да станат пријатели во следниот век и дека по завршувањето на хибридната војна на Западот против Русија, Руската Федерација „може да ги игнорира Обединетите држави“, наведува агенцијата.

Текстот Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top